Search
На зајдисонце во Канео се омажи Викторија Лоба
Македонската пејачка со руски корени Викторија Лоба викендов ја овековечи љубовта со нејзиниот избраник Ѓорѓи Калешов. 33-годишната убавица објави фотографија од венчавката во црквата Свети Јован Канео. Таа избра венчаница од креациите на охридската дизајнерка Моника Коцарева.
Викторија и Ѓорѓи беа во врска долги години, а свадбената веселба прво ја планираа за 2020 година, но ја откажаа поради пандемијата.
Comments