На Денот на Св. Кирил и Методиј донесена Декларација за македонскиот јазик
- Aleksandar Santovski
- May 24, 2023
- 2 min read
Со декларација за македонскиот јазик донесена од научната заедница од областа на македонскиот јазик денеска беше одбележан Денот на Сесловенските просветитети Св. браќа Кирил и Методиј.
Со Декларацијата, како што се наведува во неа, се потврдува многувековниот просторен и верменски континуитет на македонскиот јазик и неговите дијалекти во групата на словенските јазици, опфаќајќи ја фактографски историјата, стандардизацијата, кодификацијата и иднината на македонскиот јазик. Во Декларцијата се наведува дека македонскиот јазик не може да го попречи никакво негирање.
Декларацијата беше прочитана на свеченото одбележување на 24 Мај кое за првпат на ваков начин беше организирано и одржано на Плаошник во Охрид, а посветено на македонскиот јазик. На свеченоста организана од владата се обрати и премиерот Димитар Ковачевски кој рече дека денешниот ден треба да биде гордост за Македонците бидејќи го дочекуваат со македонскиот јазик прифатен и признат во ЕУ.
Плаошник, како што рече Ковачевски е местото каде е основан и делувал првиот словенски универзитет, но е место и од каде најгласно одекнувала вечната непобитна вистина за македонскиот јазик, а со тоа и на македонскиот идентитет, за што и бил избран за свеченото одбележвање на денешниот празник.
Во рамки на одбележувањето на Денот на Сесловенските просветители Св. браќа Кирил и Методиј, посветен на македонскиот јазик, се одржа и научна панел дискусија насловена „Македонскиот јазик во словенскиот свет” на кој се говореше за историските процеси на диференцирање на македонскиот јазик од другите словенски јазици како посебен по својата лекскика, граматика, дијалектологиј, за неговите дејци, но сепак како јазик нераскинлив дел од големото семејство на словенски јазици на кои во денешна Европа говорат повеќе од 300 милиони луѓе.
Клучните пораки испратени од панелот беа дека македонскиот јазик е трезорот на македонското творештво, кој ќе постои додека има луѓе кои ќе го зборуваат и дека неговата иднина е како еден од рамноправните јазици во Европската унија, кој засега останува единствениот европски јазик без свој дигитален корпус, односно дигитализација.

コメント