top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

На денешен ден, 1934 година, роден е Петре М.Андреевски

Updated: Jun 28, 2021

26.06.2021 Juni Ponedelnik

„Ти беше мојот Исток и мојот Величетврток, ти беше сè што му недостасуваше на светот“, ќе напише Петре М.Андреевски во второто писмо за Дениција посочувајќи ѝ дека во неа се границите на целокупна Македонија, и дури ја љуби неа, ја љуби сета татковина.

Поет, романописец, раскажувач и драмски автор. Еден од најталентираните, најпопуларните и незаменливи уметници на македонското тло. Денеска, македонското творештво одбележува 87 години од раѓањето на еден од најголемите доајени на пишаниот збор, стих, роман, Петре М.Андреевски.

Од неискоренливиот „Пиреј“ до безвременската „Дениција“ и исконската „Касни порасни“. Неговото перо остави многу страници романи, поезија, раскази, драми, есеи и детска книжевност во кои и ден денеска уживаат сите, а достапни се и на повеќе јазици помеѓу кои српски, хрватски, француски, романски, англиски, шпански и јапонски.

Помеѓу најпознатите дела се вбројуваат и стихозбирките „Јазли“ (1960) „И на небо и на земја“ (1962), романите „Скакулци“ (1983), „Небеска Тимјановна“ (1988) „Последните селани“ (1997) „Тунел“ (2003), книга со драми (1984), во која влегуваат „Време за пеење“ и „Богунемили“ и есејот „Сегашно минато време“ (2006).

Неговите ремек дела му донесоа многу награди помеѓу кои: 11 Октомври“ (во 1968 година), „Браќа Миладиновци“ (двапати), „Рациново признание“ (двапати) и „Стале Попов“ (двапати).

Животот на Петре М.Андреевски, кој припаѓаше на третата генерација повоени македонски писатели, згасна на 25 септември 2006 година, на 72 години.


1 view

Comments


bottom of page