top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

На Амбер Херд ѝ било дијагностицирано ментално растројство

Амбер Херд има два вида нарушувања на личноста, според сведочењето на клинички психолог во рамките на судскиот процес по тужбата за клевета. Д-р Шенон Кари, која претходно спроведе евалуација на Херд, тврди дека таа има два типа на растројство на личноста – гранично и хистрионско. Доктор Кари беше повикана да сведочи од правниот тим на Џони Деп откако првично била ангажирана да ги прегледа досиејата во случајот. „Резултатите од евалуацијата на г-ѓа Херд поддржаа две дијагнози: гранично растројство на личноста и хистрионско растројство на личноста“, рече таа во судот. Експертот откри дека нејзината улога во случајот се променила во октомври кога од неа било побарано да даде психолошка процена на Херд (36). Д-р Кари исто така забележа дека Херд имала посттрауматско стресно нарушување по разводот со Деп. Граничното растројство на Херд се карактеризира со голема фобија од напуштање, што може да ги поттикне луѓето да прават очајни обиди да го спречат тоа да се случи. Деп (58) ја тужи Херд (35) и бара отштета од 50 милиони долари поради текст објавен во „Вашингтон пост“ во 2018 година, а во кој таа пишува за нејзиното искуство со семејно насилство. Деп не се споменува по име во овој текст, но претходните настани укажаат за кого станува збор.



3 views

Comments


bottom of page