top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

На Алјаска забележан најтоплиот декември досега

Невообичаените временски услови на Алјаска донесоа дневни температури од 15,5 степени Целзиусови, што е највисока декемвриска температура досега регистрирана во оваа американска сојузна држава на крајниот север на земјата, пренесува „Ројтерс“. Во Алјаска, каде што во овој период од годината редовно преовладува многу сурова зима со екстремно ниски температури и снежни врнежи, овој декември паѓаат обилни, поројни дождови.

– Во заедницата Кодијак на истоимениот остров во пацифичкиот архипелаг, температурата на воздухот неодамна достигна рекордни 19,4 степени Целзиусови, што е највисока температура на воздухот досега забележана во декември на тој остров – изјави метеорологот Рик Томан од Центарот за климатска политика и проценка.

Тој оцени дека временските услови на Алјаска овој декември се апсурдни. Најсериозна непосредна последица од високите температури во текот на овој период се обилните дождови.

– Областа Фербенкс ја погоди најсилното невреме со просечни количества врнежи што не се регистрирани од 1937 година – вели Томан.

Декември е обично сув и студен месец во внатрешноста на Алјаска, бидејќи вообичаениот леден воздух не може да задржи многу влага, но тоа не беше случај во Алјаска во последните денови.


2 views

コメント


bottom of page