Search
На 46 – години ја заврши кариерата
Узбекистанската гимнастичарка Оксана Чусовитина објави крај на својата богата спортска кариера. Таа учествуваше во квалификациите на олимпискиот турнир во Токио, но не избори пласман во финалето. – Тоа е сè. Нема веќе да се вратам на ова. Јас веќе имам 46 години. Имам толку многу работи да направам во животот, рече Чусовитина по завршувањето на натпреварот. Таа има злато од Барселона 1992 година и сребро од Пекинг 2008 година, три победи и осум медали на светски шампионати, златна и три сребрени медали на Европските првенства. Таа учествуваше на осум Олимписки игри.
Comments