top of page

На 28 септември г.г. Стефан ќе го освети Храмот Св. Константин и Елена во центарот на Скопје

12.09.2025 Septemvri Petok

После тринаесет години лимените тараби кои го уништуваа изгледот на Ул.Македонија во центарот на метрополата веќе ги нема. Тука повеќе нема градилиште. Црквата Св. Константин и Елена е целосно завршена. Сега на големо се работи на подготовките за отворањето на овој православен храм.

Осветувањето на црквата ќе биде на 28 септември. Од Скопската епархија на Македонската Православна Црква за ТВ 21 велат светата литургија ќе започне во 8.30 часот.

„Осветувањето на храмот Св. Константин и Елена ќе биде на 28 септември. Осветувањето ќе го изврши Поглаварот на МПЦ г.г Стефан во сослужение на архиереи на МПЦ. Поканет е државниот врв, дипломатскиот кор, стопанственици, претставници на локалната самоуправа, медиуми, како9 и сите верници кои сакаат да присуствуваат на овој торжествен чин, велат од Скопската епархија на МПЦ за ТВ 21.

Во 2012 година на централната градска улица „Македонија“ во Скопје почна изградбата на новиот храм кој го носи име на Св. Константин и Елена. Првично, пари за изградба на црквата се собираа на донаторски конференции. Донираа политичари, бизнисмени, владици. Но, поради потешкотии околу финансирањето храмот се градеше цели 13 години.

Македонската православна црква пред неколку години повика општествено одговорни личности да придонесат за довршување на овој значаен духовен и културен објект во центарот на главниот град. Од таму велат има многу луѓе што помогнале да се доврши изградбата на овој православен храм, меѓу кои и познати бизнисмени. Информираат дека еден од нив е и Кочо Анѓушев кој го финансирал изработувањето на фреските и целокупниот фрескоживопис во храмот.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page