На 27 март „Оскарите“ се враќаат во „Долби“ театарот и со водител
По неколку изданија без водител, 94. доделување на наградите „Оскар“, една од најпрестижните и најгледаните церемонии во светот годинава ќе имаат домаќин, но ќе се вратат и во театарот „Долби“.
„Овогодишната церемонија ќе има домаќин“, изјави претседателот на телевизиската мрежа „Еј-би-си ентертејнмент“, Крег Ервич, и се пошегува дека можеби ќе биде и самиот тој.
Како што е познато, церемонијата немаше водител во 2019, 2020 и 2021 година, а златните статуетки ги доделуваа познати личности од филмската индустрија.
Инаку, минатата година церемонија на доделувањето на Оскарите се одржа во историската зграда на железничката станица во Лос Анџелес, а гледаноста на настанот забележала значителен пад во однос на изминатите години, и имала само 10,4 милиони гледачи во САД.
Засега, и покрај одложувањето на низа настани заради зголемувањето на бројот на ковид случаи, најавено е дека нема да има промени во планот за одржување на „Оскарите“, односно, тие треба да се случат на 27 март во Лос Анџелес.
Comments