На 17 октомври стартува електронско аплицирање на конкурсот за поддршка на проекти
- Aleksandar Santovski
- Oct 13, 2022
- 2 min read
Системот за аплицирање ќе биде затворен на 17 ноември во 16 часот. Новина е што од годинава системот автоматски нема да дозволи физичко или правно лице да аплицира во повеќе дејности, спротивно на пропишаните услови и правила
“Од понеделник 17 октомври од 8 часот ќе биде отворен системот за електронско аплицирање на конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2023 година. Системот за аплицирање ќе биде затворен на 17 ноември во 16 часот“, објави вчера министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Таа посочи дека според искуствата од минатогодишното, кое всушност беше и првото аплицирање по електронски пат, оваа година пријавувањето целосно ќе се извршува преку националниот портал е -услуги, а не преку веб страницата на Министерството за култура.
“Ова го правиме со цел дополнително да ја поедноставиме процедурата и на апликантите да им уштедиме време и средства за неопходните документи, како што се уверение за државјанство, увид во тековното состојтојба и слично, кои сега директно ќе може да ги превземат и да ги прикачуваат. Техничката поддршка при регисрирањето корисниците ќе можат да ја најдат на веб страницата на услуги.гов. мк како и преку контакт центарот на овој национален портал. Овој процес е крајно едноставен и прегледен за корисниците. Помош во делот на пријавите корисниците и натаму ќе можат да побараат од секторите во Министерството за култура. Контакти со конкретни лица по области и нивните електронски адреси ке бидат објавени на веб страницата на Министерствиото за култура“, посочи министерката.
Со електронското аплицирање кое беше воведено минатата година беше забрзан целиот процес од пријавување до изготвување на решение. Со затворањето и испраќањето на пријавата секој корисник, пак, автоматски добива архивски број со што, според министерката, се избегнаа и недоличните редици пред министерството како и метежот пред архивата во Министерството за култура, а се скрати и времето на евалуација на поднесените пријави. Електронско аплицирање според Костадиновска Стојчевска исто така ја елиминираше и можноста за злоупотреба, односно да се менуваат и додаваат документи откако ќе заврши пријавувањето, со што се елиминира и секаков сомнеж за коруптивно однесување.
Она што е новина годинава е дека системот автоматски нема да дозволи физичко или правно лице да аплицира во повеќе дејности, спротивно на пропишаните правила.
“Системот не беше усовршен за автоматски да го препознае невниманието на корисниците кон општите правила и услови, односно со колку проекти конкурираат по дејности. Иако правилата и условите беа објавени и им беше укажано дека ќе мора да се почитуваат, повторно имаше такви случаеви. Поради овој пропуст комисиите мораа да одбијат за жал и добри проекти. За да не се повтори ова, од годинава на националниот портал автоматски ќе биде оневозможено да се конкурира со повеќе проекти од утврдените со правилата на конкурсот“, истакна министерката.
Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со времето за добивање на решенијата кои што минатата година се чекале и по три месеци, поради што апликаните не можеле да започнат со реализација на нивните проекти, министерката посочи дека се надева оти во 2023 тие нема да доцнат.
–Се екипиравме и с
о електронски потписи за сето тоа да оди побргу“, истакна Кoстадиновска-Стојчевска. (Д.Т.)

Comments