На 1 март: Каролина Гочева ќе одржи концерт пред скопската публика
07.02.2024 Februari Sreda
Македонската пејачка Каролина Гочева ќе одржи концерт во скопскиот клуб „Пјур“ на 1 март, објави „Авалон продукција“.„Први март отсекогаш бил наш ден, редно е да го прославиме заедно“, вели Гочева.„Први март одамна е празник во Македонија. Го викаат денот на Каролина… А, ние секогаш ги знаевме вашите желби, уште пред да ги помислите. Поради тоа, после толку време, со обострана желба за заемна дружба, решивме конечно да организираме дружење со Каролина и нејзините фанови токму на први март и во форма на двочасовно патување во ноќниот клуб ‘Пјур’ – местото кое изминатиов период ги угости Џибони, Бајага, Прљаво Казалиште, помеѓу останатите“, велат од продукција „Авалон“.
Влезниците ќе бидат во продажба од среда (7. февруари), во 9 часот наутро, онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија.
Comments