Search
Муслиу влегол во нотесот на неколку реномирани клубови, би можел да реализира супер трансфер
Македонскиот репрезентативен стопер, Висар Муслиу се наоѓа пред рализација на одличен трансфер по неговото солидно издание на Европското првенство.
Муслиу влегол во нотесот на неколку познати европски клубови меѓу кои се и Кардиф и Џенова кои сакаат да го ангажираат нашиот фудбалер.
За неговите услуги, Мол Види ќе бара сума од околу четири милиони евра, сума која според медиумите на Островот е преголема за Кардиф кој веќе има четворица стопери во своите редови.
Џенова пак останува отворена за ангажман на Муслиу, но ќе се соочи со конкуренција и од Реал Бетис, тим кој исто така ги препознал квалитетите на Муслиу и сака да го ангажира во своите редови.
Comments