Мурињо: Утре не чека еден од најтешките натпревари оваа сезона
06.11.2026 Noemvri Petok
Жозе Мурињо во неколку наврати порача дека се прави голема неправда против Реал Мадрид во ситуација кога неговиот тим е обврзан да одигра три натпревари во шест дена, згуснат распоред кој утре ќе биде комплетиран со гостување на „Месталја“.
„Кралевите“ во неделата играа на гостувањето во Сантандер кај Расинг, се вратија од Грција во четвртокот во раните утрински часови од натпреварот во Лигата на шампиони, а веќе утре одат на мегдан против Столе Димитриевски и соиграчите кои се во доста комплицирана ситуација.
Иако Валенсија е во опасната зона на табелата, Мурињо има голема почит историски гледано кон клубот од „Месталја“, а бидејќи утре се игра и последното дерби на овој стадион кој заминува во историјата, Жозе очекува неговиот тим да игра еден од најтешките натпревари во Ла Лига оваа сезона.
– Се наоѓаме во добар момент и во добра форма, но се вративме од Атина вчера во три часот наутро. Решивме сите да останеме и да преспиеме во Валдебебас со цел да добиеме некој час плус за спиење. Ниту еден играч не си замина дома и сите останаа во тренинг центарот. Нема да драматизираме и ќе се обидеме да бидеме подготвени за утре.
– Последен меч на „Месталја“? Не сум човек на кој му недостасуваат работи. Јас повеќе ја гледам Валенсија како клуб, отколку „Месталја“. Најважен ќе биде утрешниот натпревар, кој јас го сметам за еден од најтешките оваа сезона во Ла Лига. Ќе играме против мотивиран тим, против тренер кој е многу искусен и кој знае да наметне јасна филозофија врз својот тим (Агире). Не очекува многу тежок натпревар и мора да бидеме на највисоко ниво за да победиме, – изјави Мурињо.
Дербито од Ла Лига е закажано за утревечер на „Месталја“ во ударниот термин од 21:00 часот.







Comments