Мурињо со посебни комплименти: Само еден напаѓач во светот не е себичен и игра за тимот!
Жозе Мурињо самиот навести дека ќе биде максимално активен и посветен на сите случувања на Европското првенство како стручен коментатор за неколку медиуми, а иако има потпишано договор за „Тајмс“, Португалецот прави интервјуа и за другите британски медиуми.
Доскорашениот менаџер на Тотенхем пред извесно време нагласи дека претходно соработувал само со еден напаѓач сличен на Хари Кејн, а сега продолжи со комплиментите на сметка на Карим Бензема кој според него ќе биде супер засилување за актуелниот светски шампион Франција кој ќе се обиде да стигне и до европската титула.
– Карим е тип на напаѓач кој го вади најдоброто од својот партнер во нападот. Бензема ќе го извади најдоброто од Мбапе, истото тоа го направи со Роналдо во Мадрид. Тоа го правеше и Кејн со Сон. Бензема трча во простор и има дијагонални движења на теренот. Франција добива огромно засилување.
– Најголемиот комплимент кој може да му го дадете на Бензема е тоа што Кристијано Роналдо едноставно беше заљубен во него додека играа заедно во Реал Мадрид.
– Карим е единствената „9-ка“ во светот која игра несебично во светот. Бензема е единствениот напаѓач кој не е себичен. Неговата визија е страшна, начинот на кој ужива во фудбалот е вистинско уживање и за фановите, – вели Мурињо.
Comments