Мурињо: Само големи клубови играат во две европски финалиња во низа
Рома и Севилја ќе ја водат завршната битка за трофејот во Лига Европа, битка закажана за 31 мај во Будимпешта.
Двете екипи имаат турбулентни сезони особено Севилја, па трофеј во ова натпреварувања би имал огромно значање. Жозе Мурињо е познат како тренер кој знае како да игра финалиња, да освојува пехари, па се надева дека во среда заедно со играчите ќе слават нов европски успех, втор во серија со оглед на тоа што калчолигашот лани славеше во Конференциската лига.
-Ние работиме напорно секој ден за да ја изградиме историјата на Рома, само големите клубови со одлични истории се способни да се пласираат во две последователни европски финалиња.
-Не размислувам за тоа што имам освоени низ кариерата. Минатото е минато и историјата не може да се промени. Јас секогаш гледам кон иднината, можеби ова е тајната на мојата филозофија. Долго време сум во фудбал, ова финале е ново финале. Во овој момент, повеќе не размислувам за тоа што би можел да освојат, туку за среќата што можев да им ја донесам на навивачите на Ромите. Тоа е град кој живее за фудбалот. Рома е чувството на припадност, тоа е дел од нешто, -порача Жозе кој воедно истакна дека не планира во брзо време да ја заврши тренерската кариера.
Comments