top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мурињо пред финалето со „непобедливата“ Севилја: Историјата не ги добива натпреварите

Рома утре ќе се соочи со Севилја во финалето на Лига Европа, а Жозе Мурињо се надева дека ќе освои уште еден европски трофеј.

20 години по триумфот со Порто во тогашниот Куп на УЕФА, Португалецот очекува неизвесен натпревар, но не му дава посебна предност на шпанскиот тим и покрај неговата традиција во натпреварувањето.

Севилја нема пораз во финале на Лига Европа, но Мурињо е убеден дека тоа нема никакво значење за средбата во Будимпешта.

– Најчесто кога ќе ја погледнете Севилја, велите „Севилја победува во секое финале“. Истото некој го вели и за Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

– Но, историјата не ги добива натпреварите, тие имаат искуство, ние минатата година игравме финале, така што јас само сакам да размислувам како за обичен дуел.

– Не сум суеверен, ова ќе биде ново финале и нова историја, – изјавил Мурињо за интернет страницата на УЕФА.

Доколку Рома го освои трофејот, следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, а Мурињо ќе стане прв тренер кој го освоил натпреварувањето со три различни тимови.


0 views

Comments


bottom of page