top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мурињо по последната одлука која ја донесоа водечките луѓе во Италија: Ова првенство е нерегуларно!

Апелациониот суд во Италија му врачи нова казна на Јувентус и му одзема десет бода пред натпреварот со Емполи, а тоа донесе голем шок за фудбалерите кои во продолжение претрпеа тежок пораз од 4:1.

Јуве сега има само теоретски шанси за топ четири пласман и Лигата на шампионите е речиси невозможна мисија, но покрај револтот кој владее во Торино, незадоволството не го криеше и Жозе Мурињо.

Луѓето во италијанскиот фудбал режираа вистински циркус со Јувентус оваа сезона, пред се поради тоа што му ги вратија 15-те бода кои му беа одземени, а сега случајот продолжи со ново одземање на 10 бода на две кола пред крајот.

– Казната за Јувентус е смешна, ова што се случува е смешно. Кажуваат за нова казна на две кола пред крајот. Да кажеа дека ќе одземат 10 бодови пред Монца и Болоња, пристапот на играчите ќе беше поинаков.

– Ова е многу лошо за нас, но и за Јувентус. Жал ми е за Макс Алегри и играчите на Јувентус, тие ги освоија бодовите на теренот и навистина ми е жал. За мене ова првенство не е регуларно и не сакам повеќе да зборувам на оваа тема, – изјавил Мурињо по ремито меѓу Рома и Салернитана.


0 views

Comments


bottom of page