top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мурињо по понижувачкиот пораз на Рома: Тие возеа Мото ГП, ние ги бркавме со велосипеди

21.10.2021 Oktomvri Cetvrtok

Жозе Мурињо најави дека ќе им даде шанса на фудбалерите со помала минутажа на гостувањето кај Бодо во Конференциската лига, но фановите не очекуваа дека тоа ќе значи понижувачки пораз со резултат 6:1. Норвешкиот тим издоминира на теренот со вештачка трева, а ескпериментот на португалскиот тренер се покажа како неуспешен, па му донесе и личен анти-рекорд. – Одговорноста за поразот е моја, јас одлучив да играме со овој состав. – Секако имав добра намера да им дадам шанса на фудбалерите кои не добиваат голема минутажа, но морам да кажам дека тимот на Бодо е поквалитетен од оној состав со кој ние ја започнавме средбата. – Мислам дека е ризично да ги играме сите натпревари со ист состав, ги знам лимитите на одредени фудбалери, но решив да направам промени. Очекував подобра реакција од тие што добија шанса, но одговорноста за тоа е моја. Ако игравме со најсилен тим на оваа подлога, некој ќе се повредеше, па ќе примевме 4-5 гола во недела од Наполи. – Овој пораз има и историско значење бидејќи досега немам примено шест гола. Но, проблемот не е како се чувствувам јас, туку фудбалерите. Изгледаше како моите играчи да сме во различна трка, Солбакен возеше во Мото ГП, а ние го следевме со велосипеди. Но, на натпреварот во Рим ќе го очекуваат Манчини и Виња, – изјавил Мурињо. Рома го пречекува Бодо веќе на 4. ноември.


2 views

Comments


bottom of page