Мурињо по дебаклот на Рома: Подобро да изгубиме со 4-0, отколку четири натпревари со 1-0
Тимот на Рома се посрамоти на вечерашното гостување во Удине кое го заврши со пораз од 4-0. Римската волчица не беше на посакуваното ниво, прими гол во раната фаза, не успеа да одговори за да во вториот дел уште трипати се затресе мрежата на Руи Патрисио за дебакл против тимот за кој настапува нашиот интернационалец Илија Несторовски. -Моето објаснување е дека ова беше тежок натпревар, тежок противник кој знае да игра ваков тип на натпревари. Не можете да губите во овие мечеви, тие се бранат навистина добро, одат во контра, можат да го контролираат темпото, да прават тактички фаули, па ако сте во минус против нив, веќе сте во неволја. Имавме голема шанса во раната фаза преку Дибала кој ако се тргне на страна резултатот беше најдобриот играч на теренот, но потоа бевме во нивни раце. Секогаш кога Удинезе одеше на контра, ние примавме гол, -истакна Жозе Мурињо. -Кога ќе загубите 4-0 не можете да говорите за судијата. Тоа е мое правило. Ќе кажам дека претпочитам да загубам еден натпревар со 4-0 отколку четири меча со 1-0, затоа што на крајот загубивме само три бода, а не 12. Тешко е за нас и за навивачите да го голтнеме, но тоа е животот, имаме нов натпревар во четврток и одиме напред. -Кога губите со 4-0, не можете да зборувате за судијата, но кога слушнавме дека овој судиа ќе ни суди, сфативме дека е соврешен за тим како Удинезе кога игра на домашен терен. Првиот жолт картон му припадна на мајсторот на натпреварот (Дибала), тоа кажува се. -Од 45 минути се играше 20 минути. Ова е школо за фер-плеј, и јас би сакал да имам такви собирачи на топки на нашиот стадион. Навистина, честитки за нив, тие играат така, ние играме поинаку, ќе се сретнеме повторно во текот на сезоната, -додаде во свој стил тренерот на Рома.
Comments