Мурињо: Отказот од Тотенхем беше чуден и болен за мене
- Aleksandar Santovski
- May 10, 2022
- 1 min read
Жозе Мурињо никогаш нема да го заборави начинот на кој се раздели со Тотенхем, односно отказот кој го доби од премиерлигашот во пресрет на финалето на англискиот куп со Манчестер Сити. Португалецот пред неколку дена се шегуваше на своја сметка, изјавувајќи дека се надева дека нема да добие отказ по пласманот во финалето на Конференциската лига, а за „Скај Спорт“ зборувал за случајот Тотенхем. – Се обидувам да ги прифатам работите како што се, но факт е дека тоа беше тежок удар за мене, се уште боли. – Сепак, не му посакувам ништо лошо на Тотенхем, во клубот има многу добри луѓе и им посакувам само најдобро. – За човек со кариера како мојата, чувството беше дека отказот дојде во чуден момент, но од друга страна тоа ми го отвори патот кон Рим и Рома. Многу сум среќен овде, луѓето и фановите ме сакаат, – изјавил Мурињо.

Comments