top of page

Мурињо: Научив помалку да плачам

Италијанскиот прволигаш Рома утре има нов предизвик и тоа во рамките на Лига Европа каде силите ќе ги одмери со Бетис. „Волчицата“ игра лошо во Ц групата и по три кола е на третата позиција зад Бетис и Лудогорец, однос полош е само тимот на ХЈК Хелсинки. На клубот од италијанската престолнина му е потребен позитивен резултат, резултат кој ќе мора да го бара без неколку играчи меѓу кои и Пауло Дибала кој се повреди на лигашкиот меч против Лече и ќе отсуствува од четири до шест недели. -Кога зборувавме за Светското првенство пред четири или пет години, сите знаеја дека ќе има многу повеќе повреди оваа сезона и сега тоа го живееме, -истакна Жозе Мурињо кој во свој стил порача дека не плаче, не се жали како порано. -Научив да плачам помалку отколку порано. Научив да живеам со реалноста на нештата. Може да се каже дека има премногу натпревари, а богатите клубови се привилегирани. Има богати, сиромашни и помалку богати. -Сиромашните играат еднаш неделно, богатите можат да играат секој ден со ротација на тимот, а помалку богатите се во поголема неволја, бидејќи играат исто толку често колку и богатите клубови, но без можности да направат промени. Тоа е ситуацијата во која се наоѓам, -порача Португалецот.


 
 
 

Comments


bottom of page