Мурињо и Гасперини добија суспензии за исклучувањата во Серија А
Дисциплинската комисија на Серија А ја одреди казната за Жозе Мурињо, кој заработи исклучување на натпреварот на кој неговата Рома дебитираше со Верона.
Португалецот ги загуби нервите во самиот финиш, гестикулирајќи кон главниот судија Паирето, постапка која беше оценета како алудирање на аферата „Калчополи“ и поврзаноста на неговиот татко и Јувентус со неа.
Мурињо е суспендиран на два натпревара, а ќе треба да плати и 20.000 евра како казна за однесувањето на средбата на „Олимпико“.
Рома доби и други казни, спортскиот директор Тиаго Пинто, кој исто така го навредувал судијата добил суспензија до 8. март и нема да смее да присуствува на натпреварите, а еден од асистентите на Мурињо е казнет со две средби суспензија.
Еден натпревар ќе паузира и тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, кој доби исклучување поради жестоките протести за поништениот гол на Малиновски во финишот на дуелот со Фиорентина.
Comentarios