top of page

Мурињо за новиот проблем на Асенсио: Кога грешките се повторуваат…

Sep 3
1 min read

03.09.2026 Septemvri Cetvrtok

Жозе Мурињо денеска одржал прес-конференција како најава за соочувањето на Реал Мадрид со Бетис, а новинарите не пропуштиле да го прашаат за коментар за последниот проблем со законот на Раул Асенсио.

Младиот дефанзивец остана без возачката дозвола на подолг период откако бил сопрен од полицијата додека возел во алхолозирана состојба, нешто што веднаш беше пренесено како ударна вест од шпанските медиуми и таблоиди.

Ова не е прв проблем кој го предизвика Асенсио, бидејќи допрва ќе му биде судено за нелегална дистрибуција на видео со експлицитна содржина и во кое е инволвирано малолетно лице.

Мурињо потенцирал дека е задоволен од однесувањето и професионализмот на дефанзивецот, но и му испратил јасна порака околу потезите надвор од теренот.

– Разговарав со него кога пристигнав за работи од минатото. Откако пристигнав, повеќе не дискутирам за работи надвор од теренот.

– Во Валдебебас, тој е примерен професионалец; кога беше во форма, никој не тренираше понапорно или подобро од него. Сега тој е првиот што пристигнува, а последниот што си заминува.

– Но, играч на Реал Мадрид е играч на Реал Мадрид 24 часа на ден, 7 дена во неделата и 12 месеци во годината. Сè што правите надвор од фудбалот е сè уште Реал Мадрид. Тоа значи дека му правите штета на престижот на клубот, кој е недопирлив. Не сум среќен, секој прави грешки, но кога грешките се повторуваат е малку поразлично, – изјавил Мурињо.


 
 
 

Comments


bottom of page