top of page
Search

Мурињо за играчот кој посакувал да го има крај себе: Беше најдобар во нашата генерација

14.06.2024 Juni Petok

Жозе Мурињо има импресивна тренерска кариера во која имаше можност да работи во големи клубови и притоа да соработува со асови од светска класа што е нормално кога водите великани како Реал Мадрид, Челси, Манчестер Јунајтед, Интер, Порто, Рома…

Низ годините Португалецот се има соочено со многу предизвици, тестови, противници на теренот за кој морал добро да се подготвува.

Еден од нив кој се издвојува дефинитивно е Лионел Меси кого Мурињо го имаше за ривал во голем број од клубовите кои ги водеше, па „специјалниот“ дефинитивно жали што барем еднаш на своја страна го немал Аргентинецот.

Имено запршан за тоа кој играч би сакал да го потпише, а притоа немал можност тоа да го направи во кариерата одговорот беше јасен со тоа што Жозе во негов стил не го спомена името на Аргентинецот.

-Секако дека би кажал малото момче, тој не можеше да се тренира, ама морам да кажам дека беше најдобар во нашата генерација, -порача новиот тренер на Фенербахче за „ТНТ Спортс“.


1 view

Comentários


bottom of page