Search
Мурињо го избра најдобриот играч на ЕП: Тој беше животно…
13.07.2021 Juli Vtornik
Жозе Мурињо го завршува серијалот коментари за Европското првенство на „Токспорт“, а во еден од последните го избрал и според него најдобриот фудбалер на турнирот.
Португалецот го избра англискиот репрезентативец Кајл Вокер, кој според него имал фантастични настапи на целото првенство.
– Мојот фудбалер на првенството а Кајл Вокер.
– Мислам дека беше феноменален, од првата минута на првенството до минутата кога беше повлечен од игра во финалето.
– Ги покриваше стоперите на противничката половина, не се сеќавам дека загуби ниту еден дуел. Кога некого ќе наречам животно, тоа е најголемиот комплимент кој можам да го дадам на фудбалер. За мене, Вокер беше животно, од почеток до крај на турнирот, – изјавил Мурињо.
Comentários