Мурињо во свој стил за случајот на Сити: Мора да имаме среќа да бидеме тука…
08.10.2026 Oktomvri Cetvrtok
Жозе Мурињо се соочува со доста проблеми и предизвици во Реал Мадрид за кои ќе видиме дали ќе може да ги реши, но во меѓувреме во својот познат стил знае да „пецка“ и на други теми и токму тој говореше за случајот Манчестер Сити.
Манчестер Сити беше прогласен за виновен од страна не независно тело за прекршување на финансиските правила, финансискиот фер плеј во периодот од 2009 до 2018 година и поради тоа му се заканува жестока казна, ама процесот не е готов, „граѓаните“ се уште стојат на ставот дека немаат направено никаков прекршок и дека работеле на правилен начин и поради тоа вложија желба.
Сепак јавноста како да не сака да чека и „бара крв“, а во таа група по се изгледа е и Мурињо кој „боцна“ во негов карактеристичен стил.
-Сакам малку да се смеам, бидејќи мислам дека ќе имаме крај. Но, ние двајца, кои сме во шеесеттите години, мора да имаме среќа да бидеме тука кога ќе пристигне конечната пресуда, бидејќи сега е пресудата, а потоа и жалба…-истакна Жозе го спомена и случајот Неграира во Шпанија.
-Пристигнав и живеев тука, во Реал Мадрид, во важните времиња на Негреира. Никој не го знаеше тоа, но ние го живеевме. Потоа си заминав и сега е познато. Но, во Турција големиот скандал… потоа ваков тип ситуации ми се случуваа често, -рече „специјалниот“ за „Кориере Дело Спорт“.







Comments