Мукоко: Кога ќе победиме сме Германци, а кога ќе загубиме сме мајмуни
- Aleksandar Santovski
- Jun 23, 2023
- 1 min read
Селекцијата на Германија не го оправда статусот на фаворит на пресметката со Израел на Европското првенство за играчи до 21 година. Иако Германците беа подобри, поквалитетни на крајот мораа да се задоволат со реми од 1-1 во дуел во кој промашија дури два пенали преку Јусуфа Мукоко и Џесик Нганкам. Овие не реализирани удари од 11 метри донесоа навреди за двајцата на расна основа, па Мукоко се реши да го крене гласот. -Кога победуваме, сите сме Германци, но кога ќе загубиме веднаш доаѓаат коментарите за мајмуни. Џесик ги доби, јас ги добив. Такви работи не треба да бидат дел од фудбалот. Не промашуваме намерном се обидуваме да му помогнеме на тимот. Кога добивате такви пораки, тоа е одвратно, -рече напаѓачот на Борусија Дортмунд кој доби поддршка од селекторот Антонио Ди Салво. -Мора да има казна. Ова е апсурдно. Тоа се момци кои сакаат да играат за Германија, кои се Германци и кои даваат се за земјата. Секаков вид на расизам и дискриминација, тоа е најниско ниво, тоа воопшто не е прифатливо, заклучи Ди Салво. Во групата на Германците се уште Чешка и Англија.

Comments