top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Музичкиот фестивал “Земјотрес“ со јубилејно 10. издание во МКЦ

Во Младинскиот културен центар во Скопје на 19-ти февруари ќе се одржи десетото издание на Фестивалот на свежа, домашна и независна музика „Земјотрес“. На ова јубилејното издание на три одделни подиуми ќе настапат повеќе од 20 музички уметници .

Љубителите на музиката ќе можат да уживаат во настапот на 350teric, Andreja Salpe B2B Galatheia, Avelina, Basement Cult, Corrosion, Cruel, Cut Your Nipple, Demency, Kanton6, Lufthansa, Mamut, Marija Kaeva, Marko Rikaloski, Mihajlo Dojchinoski, Mirko Popov Quartet, Room 313, S.A.M, Sexy Marsa & Friends, Shirshaja, Taxi Consilium, Xajka.

Целовечерното дружење и на 10-тото издание ќе донесе нови, но и веќе препознатливи чинители на нашата алтернативна музичка сцена. Од МКЦ информираат дека влезниците се во строго ограничен број, до исполнување на 50 отсто од постојните капацитети.


2 views

Comentários


bottom of page