Музички празник со Бајага и Владо на 14 февруари, најавува „Авалон“
- Aleksandar Santovski
- Jan 29
- 2 min read
29.01.2026 Januari Cetvrtok
Бајага и Владо Јаневски, заедно на една сцена, и само една вечер, двајцата реално најголеми хитмејкери дома и во регионот, со голем заеднички концерт на 14 февруари во арена „Борис Трајковски“ во Скопје. Повеќе од 4 часа – само хитови!
„Половина „Борис Трајковски“ е веќе распродаден, се пофали на денешниот прес, првиот човек на „Авалон“, Бобан Милошески, и концертот го најави како музички празник што еднаш се случува во Македонија.
„Концертот на Бајага, кој веќе 50 години е на музичката сцена, беше договорен пред една година, а некако го должевме концертот на Владо кој беше одложен во декември, 2024 година, во салата „Јане Сандански“. Во мојата глава ги споив и двајцата, направив менаџерска финта“, рече Милошески.
На пресот на кој дојдоа речиси сите медиуми, присуствуваа и Бајага и Владо, кои, како што потенцираа, без суета, веднаш ја прифатиле идејата на „Авалон“ од почит за другиот и неговиот лик и дел. Со овој концерт „Авалон интернејшенел букинг“ ја почнува 2026 година.
„Авалон“ претходно најави дека концертот за Денот на вљубените и на виното, стартува со настапот на Владо Јаневски и неговиот бенд, а продолжува со настапот на Бајага и „Инструктори“. На новинарско прашање дали во еден момент од концертот ќе имаат заеднички настап на иста песна, Јаневски потенцираше дека сеуште не се договорени, иако тој има песни напишани од Бајага, на првиот албум како самостоен изведувач, по кариерата со „Ластовица“.
„Факт е дека Бајага беше голема ѕвезда во регионот кога јас почнував, не делат едно 15 години, иако сме слични по сензибилитет и генерациски. Јас бев тој кој иницираше прва средба со Бајага, веќе сме пријатели, и овој концерт го сметам како нормален тек на работите, објасни Јаневски, кој сега повеќе време поминува во Гевгелија отколку во Скопје.
И двајцата автори кажаа дека и денес, во време на вештачка интелигенција, песните ги пишуваат на старински начин, на хартија и со пенкало. (Л.С.)









Comments