top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Музички документарци за „Лајбах“, „Панкрти“ и „Булдожер“ во Кинотека

Во рамките на августовската програма на Кинотеката, три музички документарци во словенечка продукција со проекции на 23 август и 24 август можат да го привлечат вниманието на дискофилите.

Под генералниот наслов „Музиката е уметност на времето“ (Glasba je časovna umetnost / Music is the Art of Time), Игор Зупе (Igor Zupe) реализира два документарци – за албумите на бендовите „Лајбах“ („Laibach“) и „Панкрти“ („Pankrti“) – а Варја Мочник (Varja Močnik) за пресвртничкиот албум на бендот „Булдожер“ („Buldožer“).

Реализирани во почетокот на осумдесеттите, албумите на овие бендови ги поставија темелите на музичкиот и социополитичкиот бунт во Словенија, како што во Загреб и Белград паралелно се тркалаа настаните во ритамот на „новиот бран“.

Гости на проекциите ќе бидат документаристот Игор Зупе и филмскиот режисер Андреј Кошак. Овие три документарни филмови Кинотеката ги прикажува во соработка со амбасадата на Република Словенија во Скопје.


0 views

Comments


bottom of page