top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Музичарите од „Леб и сол“ ќе добијат Орден за заслуги од претседателот Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, на свечена церемонија ќе ги одликува музичарите Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан со Орден за заслуги за Македонија, соопштија од кабинетот на претседателот.

Церемонија на одликување со Орден за заслуги за Република Македонија ќе се одржи во Кабинетот на претседателот во 19:30 часот.

Култната македонска џез-рок група „Леб и сол“ е основана на 1 јануари 1976 година.

Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан се смета дека ја сочинуваат најоригиналната постава на легендарните „Леб и сол“, култната македонска група која со своето делување ја испиша современата македонска музичка историја.

Манифестацијата ќе биде директно пренесувана на Фејсбук-страницата и на Јутјуб-каналот на претседателот.

Денеска се одбележува 60-годишнината од земјотресот во Скопје.


1 view

Comments


bottom of page