Музејот Лувр ќе му позајми слика од Да Винчи на Абу Даби
- Aleksandar Santovski
- Oct 19, 2022
- 1 min read
За петта годишнина на својата единствена филијала надвор од Франција, музејот Лувр во Абу Даби, францускиот музеј Лувр ќе му позајми една од своите најпознати слики, Свети Јован Крстител од Леонардо Да Винчи.
Поврзан со парискиот музеј преку договор за соработка, Лувр Абу Даби со голема помпа го отвори францускиот претседател Емануел Макрон во ноември 2017 година.
„По повод петтата годишнина од Лувр во Абу ДаБИ, музејот Лувр ќе ја позајми сликата Свети Јован крстител од Леонардо Да Винчи, неспоредливо ремек-деко на ренесансниот мајстор“, се наведува во заедничкото соопштение на двата музеја.
Сликата ќе биде изложена во постојаните галерии на музејот во Абу Даби од 8.ноември 2022 година во текот на две години.
Делото, меѓу најпознатите во Лувр, никогаш не престана да фасцинира милиони посетители кои доаѓаат да мус е восхитуваат во срцето на најпосетуваниот музеј на светот, наведоа музеите.

Commentaires