top of page
Search

Музети даваше изјава, Ѓоковиќ добива свирежи и кога не игра на Централниот терен (Видео)

11.07.2024 juli Cetvrtok

Лоренцо Музети ја има убедливо најубавата тениска авантура во својата кариера, и тоа на подлогата која до оваа сезона му беше најнеомилена од сите на АТП турот.

Италијанецот кој важи за специјалист за земја не се снаоѓаше воопшто добро на трева, но оваа година е најпријатно изненадување на Вимблдон и тоа го потврди со пласман во полуфиналето.

Музети за првпат ќе биде дел од едно грен слем полуфинале, а откако го победи Фриц во маратонски меч во пет сета, даде изјава и за својот следен ривал кој ќе биде најтежок досега.

Седмукратниот шампион Новак Ѓоковиќ ќе стои на патот на Лоренцо во полуфиналето, но додека тој имаше само добри зборови за Србинот, британската публика очигледно се уште не му ја заборави изјвата од пред неколку дена, па го почестија со свирежи и кога не игра на Централниот терен.

– Новак подобро ја познава и подлогата и теренот од мене. Шега на страна, тој е легенда насекаде, но поготово тука на Вимблдон. Направи нешто што е незамисливо за сите. Се познаваме многу добро, игравме неколку пати и секогаш беше голема борба. Очекувам да биде така и сега. Тоа е еден од најголемите предизвици на Турот, но јас сум амбицозен и ќе пробам да дадам се од себе. Ќе видиме што ќе се случи, – порача Музети откако фановите почна да свиркаат откако спикерот го спомена Ѓоковиќ во интеврјуто со Италијанецот.




1 view

Comments


bottom of page