top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мудрик: Тој што сега вели дека сум губитник, еден ден…

Челси беше најактивен тим во зимскиот преоден рок, а еден од играчите за кого издвои најмногу пари е украинскиот репрезентативец, Михаилo Мудрик.

За неговите услуги беа издвоени дури 89 милиони фунти, но во досегашниот престој тој не се прослави, не ги оправда очекувањата и веќе има коментари, ставови дека ќе биде голема утка на премиерлигашот. Сепак реалноста е поинаква, поточно рано е да се носат цврсти заклучоци со оглед на тоа што Мудрик дојде од Шахтјор Доњецк во период кога клубот немаше натпревари, немаше ритам и тоа дефинитивно се одрази и самиот играч кој преку „Скај Спортс“ даде едно ветување:

-Тежок старт? Да, може да се каже, има многу притисок, ама не е прв пат. Ми се допаѓа притисокот затоа што еден ден тој што вели дека сум губитник, ќе вика дека сум победник. Времето ќе покаже, -порачува 22 годишниот Украинец кој претходно се поврзуваше со преселба во Арсенал.


1 view

Comments


bottom of page