top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Му помогна на клубот да испише историја: Шишковски херој на Борац во ЛШ

18.07.2024 juli Cetvrtok

Македонскиот репрезентативец, Дамјан Шишковски беше херој на Борац Бања Лука во пресметката против Егнатија во квалификациите за Лигата на шампионите.

По една вистинска драма во Елбасан во која имаше од се по нешто, драма, возбуда, неизвесност, „балкански шмек“ со непотребни националистички пораки, на крајот се се решаваше на пенали откако домаќините славеа со 2-1 по 120 минути, но севкупни во пресметката 2-2.

Тука нашиот голман беше во елемент, Шишковски постојано правеше притисок врз домашните фудбалери па во третата серија одбрани два удари од 11 метри на ист играч. Првата одбрана му беше поништена поради тоа што не беше соодветно наместен, прерано го напушти својот „простор“, но и при вториот обид беше поуспешен и едноставно потоа му овозможи на својот тим со нов прецизен удар да ја обезбеди конечната победа.

Со ова Борац испиша историја затоа што првпат минута едно квалификациско коло во ЛШ, следен ривал му е грчки ПАОК.


0 views

Comments


bottom of page