МРТ: Доцна е за повлекување на Андреа, но ќе се разгледува можноста Македонија веќе да не учествува
МРТ: Доцна е за повлекување на Андреа, но ќе се разгледува можноста Македонија веќе да не учествува на „Евровизија“Македонската претставничка Андреа Коевска утре ќе настапи во втората евровизиска вечер во Торино, информира Македонската Радио Телевизија (МРТ) откако детално ги разгледала сите аспекти за евентуално нејзино повлекување од музичкото натпреварување, по инцидентот со фрленото македонско знаме.
– Таквиот чекор во момент кога сите рокови за повлекување се поминати би предизвикал голема финансиска штета и други санкции кои што не се за занемарување. Имено, со откажувањето би се загрозило и учеството и отстапувањето на телевизиските права на сите други настани кои што Јавниот сервис ги добива како членка на Европската радиодуфузна мрежа – се наведува во соопштението на МРТ.
Во него се додава дека јавниот сервис ќе ги преземе сите законски решенија и дисциплински мерки по враќањето на нашата делегација од Торино, откако членовите ќе ги поднесат извештаите за случувањата на церемонијата.
– Поради негативниот имиџ во јавноста на проектот „Евровизија“ што предизвикува негативен публицитет на МРТ, уредничкиот колегиум на МРТ ја разгледува можноста од следната година Македонската Радио Телевизија веќе да не учествува на Изборот за песна на Евровизија – стои во соопштението.
Comments