Search
„Моќта на кучето“ и „Дина“со најмногу номинации во трката за „Оскар“
- Aleksandar Santovski
- Feb 9, 2022
- 1 min read
09.02.2022 Februari Sreda
Вестерн драмата „Моќта на кучето“ на Нетфликс ja предводи овогодишнaта листа претенденти за „Оскар“ со 12 номинации, надминувајќи ги 10-те номинации за научнофантастичниот епик „Дуна“ во трката за највисоките почести во индустријата. Тие ќе се натпреваруваат за престижниот трофеј за најдобар филм против осум други филмови. Меѓу нив се „Белфаст“, полуавтобиографска приказна на Кенет Брана за семејство кое живее среде секташки конфликт во Северна Ирска во доцните 1960-ти, и римејкот на класичниот мјузикл „Приказна од западната страна“ од Стивен Спилберг. Овие филмови добија по седум номинации. Победниците ќе бидат објавени на 27 март. Холивудската церемонија, 94. по ред, ќе се емитува на телевизија.

Comments