Моќната Англија пресилна за македонската репрезентација на „Олд Трафорд“
- Aleksandar Santovski
- Jun 20, 2023
- 1 min read
Англиската фудбалска репрезентација ја презентираше цела фудбалска моќ која ја поседува во овој момент, а со офанзивниот и агресивен пристап направи Македонија да делува навистина невидливо на театарот на соништата. Македонија одигра две реми средби против Англија во 2002-ра и 2006-та година, но вечерва едноставно не можеше да повтори такво нешто на „Олд Трафорд“ и тоа стана јасно уште во првото полувреме. Нашиот најсилен национален тим го претрпе најголемиот пораз во историјата и седум пати ја вадеше топката од својата мрежа, од кои три гола пристигнаа во најлош можен момент. Македонија добро се бореше и парираше 29 минути на гостувањето во Манчестер, но откако го прими првиот гол, едноставно не престанаа сериозните налети на домашните фудбалери. Хари Кејн го отвори резултатот по додавањето на Лук Шо, но до крајот на полувремето во листата на стрелците се запишаа и Букајо Сака и Маркус Рашфорд. Уште во овој дел од натпреварот стана јасно дека Македонија ќе си замине со нов пораз во квалификациите, но стартот на вториот дел беше најава за тешкиот пораз. Букајо Сака постигна фантастичен гол за 4:0, истиот играч комплетираше хет-трик во 51-та минута, а во продолжение по еден гол постигнаа и Филипс и Кејн за конечни 7:0.

Comments