top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мојсов откри каква порака имал за играчите на Тиквеш на полувреме: Прикажавме само 50 проценти од нашиот потенцијал

12.07.2024 Juli Petok

Тиквеш пишува своја убава фудбалска бајка во изминатите неколку месеци, па по историската победа во Купот, пристигна и првата победа на европска сцена.

Кавадаречката гордост денеска одигра меч за паметење против Бреидаблик и успеа да се врати од неверојатна ситуација на мечот во Скопје, а на крајот доби заслужена награда за храбрата и беспоштедна игра во сите 90 минути.

Тиквеш незаслужно имаше негатива од два гола по првите 45 минути, па иако резултатот 0:2 беше активен до 74-та минута, избраниците на Ѓорѓи Мојсов се изборија за победа и три гола, а можеа да дадат и четврти.

– На полувреме им порачав на моите играчи дека ќе биде жално и вистински грев ако не успееме да се вратиме и барем да израмниме. Очигледна беше нервозата кај одреедени играчи, ова беше прв европски меч за Тиквеш во историјата, но успевме да се избориме.

– Во второто полувреме покажавме дека сме поквалитетен тим, направивме голем пресврт. Презадоволен сум од победата, иако верувам дека прикажавме само 50 проценти од нашиот потенцијал. Не е мала работа да се вратиш од два гола негатива, сега ќе одиме на победа и на гостувањето во Исланд, – изјави тренерот Мојсов.


1 view

Commentaires


bottom of page