top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Моја ги исплаши фановите на Надал: Не можам да гарантирам дека ќе игра

26.07.2024 juli Petok

Рафаел Надал ја темпираше формата за настап на Олимписките игри во Париз, но неговите проблеми со чести повреди го прават неизвесен за олимпискиот турнир на терените на Ролан Гарос.

Неговиот тренер Карлос Моја денеска открил дека пропуштениот тренинг на Надал не е случајност, односно шпанскиот тенисер се пожалил на проблем по вчерашните подготовки на терен.

– Не можам да гарантирам дека Надал ќе игра во Париз.

– Денеска беше одлучено да одмора за да има повеќе време за рехабилитација на проблемот кој се појави вчера. Останува да видиме како ќе се чувствува утре.

– Најважно на ваков турнир е да не форсираме ништо, – рекол Моја.

Според денешната ждрепка, Надал може да се сретне со големиот ривал Новак Ѓоковиќ уште во втората рунда на олимпискиот турнир.


2 views

Comments


bottom of page