Мотор ја освои Битола, Еурофарм Пелистер го заврши настапот во Европа
Ракометарите на Еурофарм Пелистер се елиминирани од Лигата на Европа на ЕХФ и тоа откако вечерва загубија од Мотор Запорожје со 27-25.
Македонскиот вицешампион требаше само да избегне пораз на оваа средба за да се пласира меѓу 16 најдобри во ова натпреварување, но иако играше во својот дим и пред своите навивачи не успеа да дојде до посакуваниот резултат.
Украинскиот претставник постојано беше чекор, два пред Пелистер, па така првиот дел го реализираше со 15-13, а во вториот 30 минути ги издржа сите напади на домаќините и издвојува триумф со кој ќе продолжи да се натпреварува по второто по ранг натпреварување во Европа.
Танковски со 9 гола од 10 обиде беше најсветла точка, кај победникот Турченко беше прв стрелец со 7 погодоци.
Битолчани ја завршуваат групната фаза на петтото место во групата Д со 6 освоени бода.
Yorumlar