Мората прецрта една опција: Му благодарам на Мурињо, но….
- Aleksandar Santovski
- Aug 4, 2023
- 1 min read
Жозе Мурињо испраќа најразлични сигнали до управата на Рома дека му е потребен нов напаѓач за натпреварувачката сезона која претстои, но како што стојат работите, тоа нема да биде човекот кој тој добро го познава од времето во Реал Мадрид.
Португалскиот стручњак го стави Алваро Мората на врвот на својата листа и го пикираше како идеално засилување за својот напад, меѓутоа Рома не може да ги кристализира деталите околу испраќање понуда и најверојатно воопшто нема да дојде до такво нешто.
Причина за тоа е и изјавата која ја даде шпанскиот напаѓач на подготовките во Мексико, од каде им се заблагодари на Рома и Мурињо за интересот.
– Работам напорно и сакам да останам во Атлетико. Сакам да се подобрам и да се фокусирам на завршните тренинзи во подготовките. Рома? Тоа не е опција за мене во моментов, јас сум фокусиран на Атлетико.
– Мурињо е фантастичен тренер, тој беше оној кој ми даде прва шанса во професионалниот фудбал и вечно ќе му бидам благодарен. Му посакувам се најдобро во иднина, – порачува Мората од Мексико.

Comments