top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мора да ја спасиме нашата планета, апелира Били Ајлиш во пресрет на самитот за климата

27.10.2021 Oktomvri Sreda

Музичката ѕвезда Били Ајлиш ги здружи силите со научниците од групата Arctic Basecamp во вторникот повикувајќи ги светските лидери да преземат итна акција на климатскиот самит на Обединетите нации – COP26 следната недела. Пејачката сними видеопорака со актерот Рејн Вилсон од The Office, истражувачот Левисон Вуд и Роберт Ирвин, син на починатиот австралиски конзерватор Стив Ирвин, кои исто така го позајмија својот глас за проектот во соработка со британскиот универзитет во Екситер. Глобалниот самит за климата, чиј домаќин е британскиот премиер Борис Џонсон, почнува во Глазгов на 31 октомври. „Оваа година нашите лидери одлучуваат за глобалните активности потребни за климатската вонредна состојба во животната средина во критична деценија за нашата планета“, вели Ајлиш. „Мораме да застанеме заедно и да зборуваме за да ја спасиме нашата планета, не само за нас туку и за идните генерации. Потребна е итна акција, треба да работиме заедно како еден“.


2 views

Comments


bottom of page