Монфис режираше сцена која е несвојсветена за професионалниот тенис, Бублик се газеше од смеа
Гаел Монфис веќе режираше лудории на првиот меч кој го одигра во Вашингтон и стана хит со двете атракции кои ги изведе во стилот на НБА ѕвездите, но ја забавуваше публиката и на вториот меч во Америка.
Подготовките за Ју-Ес Опен носат интересни пресметки меѓу тенисери кои порано го стартуваа загревањето за американската турнеја, а дуел меѓу Монфис и Бублик секако е гаранција за вистинско уживање.
Двајцата тенисери се познати по несвојствени потези кои знаат да ги изведат на теренот, а во самата завршница од мечот во второто коло, видовме и сцена која е реткост за највисоко ниво.
Откако направи брејк и во вториот сет, Монфис се фокусираше само на гејмовите на свој сервис, па речиси и воопшто да не играше на сервис на Бублик.
Гаел во еден момент предвреме се упати кон столчето уште пред топчето да заврши во поле, а тоа го натера главниот судија да му даде опомена за непрофесионален однос на теренот.
Оваа ситуација го изнасмеа и Бублик, но иако Монфис се бунеше, во следниот гејм ја заврши работата на свој сервис и славеше со 6:3 и 6:4.
コメント