top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Монфис откри каква порака добил од Ѓоковиќ по историскиот пораз во Синсинати (Фото)

Новак Ѓоковиќ постави несекојдневен тениски рекорд и стана првиот тенисер кој славел на првите 19 меча против еден ривал на професионално ниво, а оваа импресивна статистика ја заокружи против својот стар ривал, Гаел Монфис.

Французинот по 19-ти пат во својата кариере претрпе пораз од големиот грен слем шампион и одново мораше да му подаде рака во Синсинати, што значеше дека ќе биде дел од еден неславен рекорд за него.

Гаел загуби со убедливи 6:3 и 6:2 и одново ја почувстува горчината на поразот во дуелите со Србинот, за кого по мечот имал интересно барање.

Самиот Монфис откри дека побарал од Ноле да се овековечи историскиот момент, без оглед на тоа што тој не изгледа воопшто добро во оваа уникатна тениска приказна.

Ѓоковиќ му се потпишал на маичката која ја носеше Фрацузинот, го напишал и датумот на одигрувањето на мечот, но има и шеговите порака: Извини, но не ми жал.

– Ова не беше мечот на кој се надевав против најдобриот на сите времиња, но сепак ми беше чест и задоволство што повторно се сретнав со Новак Ѓоковиќ. И покрај се, ова е позитивна недела за мене. Ќе одморам за да бидам оној вистинскиот на Ју-Ес Опен. Ви благодарам за неверојатната поддршка, – порача Гаел.



0 views

Comments


bottom of page