top of page

Монпелје го прегази Елверум и може да се спрема за двомечот со Вардар во ЕЛ

31.03.2026 Mart Vtornik

Ракометарите на Монпелје со една нога се во следната фаза од плеј-офот во Европската лига на ЕХФ, каде ги чека двомеч со Вардар 1961. Францускиот претставник го искористи домашниот терен и во првиот осминафинален натпревар против Елверум извојува убедлива победа од 36-24 (17-9).

Монпелје моќно го започна вечерашниот натпревар, во првите десет минути прими само еден гол и поведе со 7-1, а набрзо стигна и до прво двоцифрено водство (12-2). Во вториот дел од полувремето Елверум успеа да се консолидира и заигра нешто поквалитетно и на пауза се замина со 17-9 за домашниот состав.

Во вториот дел Монпелје продолжи во ист стил и од минута во минута ја зголемуваше предноста и на крај славеше со убедливи 36-24. Прв стрелец кај победничкиот тим беше Турин со седум гола, колку што имаше и Гердален кај Елверум.


 
 
 

Comments


bottom of page