Монако стравува од банкрот - рокот за спас на клубот истекува во јуни!
- Aleksandar Santovski
- 1 hour ago
- 1 min read
03.04.3036 April Petok
Кошаркарскиот клуб Монако се наоѓа во сериозна финансиска криза и доби рок до јуни за да ја среди својата состојба и да избегне банкрот.
Судот одлучи да не го прогласи клубот веднаш за нефункционален, но следното важно рочиште е закажано за 12 јуни, кога ќе се одлучува дали клубот ќе продолжи да функционира нормално или ќе премине во стечајна постапка.
Во меѓувреме, Монако успеа да ги исплати хонорарите на играчите и да ги подмири краткорочните обврски, но долгорочната финансиска слика останува неизвесна и клубот мора да најде трајни решенија, нови инвеститори, или нов модел за стабилизација.
Финансиската неизвесност има и спортски последици - учеството на тимот во следната сезона на Евролигата е под знак прашалник, бидејќи мора да го прикаже својот економски биланс пред европските органи.
Тимот сепак продолжува да игра и се бори на терените. Моментално се наоѓа на позиција која може да му овозможи пласман во плеј-ин фазата од елитното натпреварување.






Comments