МОК и Крушево со нов фокус на развојот на спортската администрација, спортскиот туризам и развојот на младите спортски таленти
- Aleksandar Santovski
- Mar 24
- 1 min read
24.03.2026 Mart Vtornik
Македонскиот олимписки комитет (MOK) во соработка со Општина Крушево одржа работна сесија насочена кон унапредување на локалниот спортски екосистем со посебен акцент на развојот на спортската администрација, спортскиот туризам и поддршката на младите генерации.
На состанокот имаше претставници од локалниот спортски и образовен сектор, а свои обраќања имаа претседателот на МОК, Даниел Димевски, како и Сашо Поповски и Петар Спасеновски. Фокусот беше како Крушево да се позиционира како атрактивна дестинација за спортски подготовки и настани, користејќи ги природните и инфраструктурните потенцијали на општината.
Се истакна потребата од системски пристап во развојот на спортскиот туризам, како можност за економски раст и меѓународна промоција на регионот.
Исто така беше најавена и конкретна поддршка за образовните институции, вклучително и донации за основните и средното училиште, со цел подобрување на условите за спорт и физичка активност кај учениците.
Македонскиот олимписки комитет ќе соработува со локалните структури во насока на рана идентификација и селекција на млади спортски таленти, преку имплементација на стручни програми и едукација на спортскиот кадар.
Работната сесија резултираше со дефинирање на конкретни чекори за понатамошна соработка, насочени кон создавање одржлив спортски екосистем, кој ќе ја зацврсти позицијата на Крушево како центар на спортот и активниот спортски туризам во регионот.






Comments