top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

МОК ги претстави олимпијците, Георгиевски најави напад на златниот медал во Токио

Пред нас се Летните Олимписки Игри во Токио, а во пресрет на овој голем настан Македонскиот олимписки комитет ги претстави олимпијците кои ќе ги бранат боите на нашата земја.

Македонија ќе биде претставена од осум спортисти и тоа од Дејан Георгиевски (таеквондо), Миа Блажевса Еминова, Филип Дерковски (пливање), Јован Стојоски (атлетика), Арбреша Реџепи (џудо), Борјан Бранковски (стрелаштво), Пуликсенија Јовановска (карате) и Магомедгаџи Нуров (борење).

Македонското знаме на отварањето на ОИ ќе го носи Георгиевски со тоа што по новите правила треба да има и женско, па изборот падна врз џудистката Реџепи.

Георгиевски е еден од спортистите од кого најмногу се очекува, а и тој самиот порача дека верува оти може да дојде до златниот медал.

-Конкуренцијата е жестока, таму се најдобрите 16 таеквондисти. Одам на златен медал. Веќе покажав дека можам да се борам со најдобрите, -истакна таеквондистот Георгиевски.

Нашите спортисти на ОИ одат по групи, а причината за тоа се посебните ковид протоколи.


1 view

Comentários


bottom of page