top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Можно помирување меѓу Хари и Вилијам, кој го направи првиот чекор?

Вилијам и Хари, наводно, се зближиле по смртта на нивната баба. Кој од двајцата браќа му пришол на другиот? Два дена по смртта на кралицата, Вилијам и Хари се појавија заедно за прв пат од 2020 година. Ненајавеното појавување пријатно изненади многу фанови на кралското семејство. Двајцата браќа, заедно со Кејт и Меган, излегоа да ги погледнат цвеќињата надвор од замокот Виндзор и да се поврзаа со своите ожалостени фанови. Според „Тајмс“, Вилијам бил тој што предложил со Хари да се појават заедно пред замокот. Принцот Вилијам му пријде на принцот Хари по смртта на кралицата. Весникот го цитира портпаролот на палатата: „Принцот од Велс сметаше дека тоа е важно покажување на единство во неверојатно тежок момент за семејството.“ Анонимен извор, исто така, изјави за „Дејли мејл“ дека Вилијам му испратил порака на својот помлад брат, предлагајќи одредено време за нивното појавување заедно. Хари се согласил со идејата на Вилијам. „Тоа се случи многу брзо – навистина извонредно со оглед на тоа што не се видоа во Шкотска“, рече инсајдерот. Дали смртта на кралицата и времето што Хари и Вилијам го поминаа заедно во Англија ќе доведе до помирување на долг рок, останува да се види.



1 view

Comments


bottom of page