Можете да бидете мој придружен пилот, му рече Круз на кралот Чарлс
- Aleksandar Santovski
- May 8, 2023
- 1 min read
Том Круз го покани кралот Чарлс Трети да му биде пилот во придружба во текот на концертот одржан во замокот Виндзор во чест на новиот монарх. Добивај вести на вибер На концертот што се одржа еден ден по крунисувањето на британскиот крал, холивудскиот актер се пошегува дека монархот може да биде негов „вингмен“ или пилот во придружба (терминот „вингмен“ се користи за борбен пилот чие летало е поставено зад водечкото летало во формација). Со претходно снимена видеопорака, ѕвездата на „Топ-ган: Маверик“ (60) се појави на двочасовниот концерт на источниот тревник на замокот Виндзор во неделата (7 мај). На видеото тој управува со својот „П-51 мустанг фајтер“. Пилот до пилот, ваше височество, можете да бидете моја придружба во секое време“, рече актерот обраќајќи му се на 74-годишниот крал, кој заврши обука за пилот на РАФ пред да ѝ се придружи на Кралската морнарица за управување хеликоптери и ја заврши својата воена кариера во 1976 година. На концертот се одржа и првата парада на дронови на повеќе локации, со 1.000 беспилотни летала, кои се издигнаа на небото. Велшки змеј составен од дронови, на распон од 140 метри, го осветли небото над Кардиф. Како знак на страста на Чарлс за животната средина, се појави канта за полевање како лебди над познатите куполи на проектот „Еден“ во Корнвол.



Comments